Што е политика на цени?

790

Фото: Pexels

Политика на цени е свесно влијание на надлежните државни органи или стопански субјекти во одредувањето на општото ниво на цените и релативните односи на цените меѓу производите и услугите. Особено е важно влијанието на воспоставување определени односи меѓу цените за обезбедување пожелен стопански развој.

Всушност, преку влијанието на релативните цени ce влијае врз примарната распределба на бруто општествениот производ и националниот доход . Влијанието на релативните цени ce врши на два начина: со непосредно регулирање на цените и посредно со влијание на вкупната побарувачка и побарувачката на одделни производи и услуги.

Од стојалиштето на претпријатието (микро аспект) политиката на цени е обусловена од дадената пазарна структура и начинот на формирање на цените на производите на одделните производители, односно од видот на пазарната положба (целосна или слободна конкуренција, монополска или олигополска).