Што е потешко – седење или стоење на работа?

140

Околу 85% од луѓето седат на работа секој ден, а само 10% немаат проблем со тоа. Нашиот работен ден претежно се состои од осумчасовно седење, работа на компјутер и кратка пауза. Иако не е на секого во опис на работа седење и гледање во компјутер, овој начин на работа е рутина за повеќето луѓе. На пример, во Америка, 70% од вработените со полно работно време не поднесуваат седење.

Можеби седењето не би било толкав проблем ако го правиме тоа само на работа, меѓутоа пред и по работа седиме кога патуваме на работното место. Американците уште два часа ги поминуваат седејќи пред тв, 10% играат игри, 25% заземаат седечка положба кога читаат, а скоро третина поминуваат уште час или два пред компјутер и после работа.

Севкупно, не само Американците, туку и поголемиот дел од луѓето низ светот, поминуваат 13 часа дневно седејќи.

Иако седењето не можеме да го избегнеме, она што може да го правите е да шетате по канцеларија од време на време, но и да излезете на свеж воздух. Ако сте работодавач, потрудете се на своите вработени да им обезбедите ергономски столици.

Фото: Pixabay