Што е првобитна акумулација на капитал?

Фото: Pexels

Првобитна акумулација на капиталот претставува процес на насилно одвојување на ситните самостојни производители од нивните средства за производство, концентрација на тие средства во рацете на одделни сопственици и претворање на овие производители во наемни работници. Тој метод послужи за забрзано зголемување на капиталистичката сопственост, потребниот број наемна работна сила и проширување на капиталистичкиот пазар, зашто поранешните самостојни производители сега како наемни работници станаа купувачи на средства за живот.

Првобитната акумулација на капиталот ja претставува предисторијата на капиталистичкиот начин на производство. Неа ja карактеризира насилство од секој вид, со што ce разликува од нормалната акумулација на капиталот, којашто ce врши со претворање на дел од профитот во капитал. Речиси секоја земја на патот од феудализам кон капитализам поминала низ првобитната акумулација на капиталот, но со различен интензитет, во различно време, со различни методи и ред на етапите.

Меѓутоа, заедничко за сите е насилната експропријација на ситните производители, од која произлегоа крупниот земјоделски посед и развиената капиталистичка индустрија. Класичен пример на првобитната акумулација е Англија, каде што таа ce спроведе со истерување на селаните од земјата, одземање на општинската земја, оградување на земјата, распуштање на феудалните свити (придружби), воведување разни државни мерки, закони на штета на работниците, соодветен даночен систем, протекционистички систем, создавање на колонијалниот систем.