Што е revenue менаџмент?

139

Revenue менаџмент значи процес на оптимизирање на финансиските резултати во компанијата, а е посебно корисен во угостителство и туризам. За прв пат се појавува во 80-тите години од минатиот век во авиоиндустријата. За да можат да ги оптимизираат финансиските резултати, авиокомпаниите вовеле акции што ги нарекле dynamic pricing (динамични цени). Авиокомпанијата American Airlines ја користел оваа техника за воведување различни цени, како и предвидување на идните движења на побарувачката.

Revenue менаџмент претставува алатка којашто на компанијата ѝ помага да го предвиди однесувањето на клиентите и на тој начин да дефинираат одредено ниво на цени, за да може на крајот да ја максимизираат својата добивка. Затоа, продажбата на вистинскиот производ, на вистинскиот купувач, по најдобра цена преку најсоодветниот канал на продажба со помош на максимална ефикасност е главната одлика на revenue менаџментот.

Оваа алатка им помага на менаџерите да донесат најсоодветни одлуки што на крајот носат поголем профит, а го нудат истиот производ или услуга без да се прават дополнителни трошоци.

Фото: Pixabay