Што е ROWE?

114

ROWE претставува кратенка од Result only work environment или стратегија за управување со човечки ресурси на Џоди Томсон и Кали Раслер. Станува збор за стратегија по којашто вработените се платени за резултатите што ги покажале, а не врз основа на бројот на работни часови или седење во канцеларија. Фокусот се става на учинокот што го има вработениот, а не на тоа колку време поминува на работа (не) работејќи.

Претходно, пишувавме колку флексибилноста носи поголема продуктивност, па така и ROWE ги поместува границите на традиционалниот начин на работа. Голема предност на оваа стратегија е тоа што вработените стануваат повеќе автономни, но во исто време и посвесни дека таа слобода не треба да се злоупотреби. На овој начин, вработените без никаков притисок ќе можат целосно да се посветат на она што го работат, а нивниот претпоставен ќе биде сигурен дека работата е завршена до беспрекорност.

Но, често се случува да има и вработени кои ќе сакаат да ја злоупотребат слободата што ја нуди ROWE и ќе направат контрапродуктивен ефект.

Овој нов стил на менаџирање со вработените би бил поефективен, доколку менаџерот се фокусира на резултатите, а не на местото каде што треба да се сработи одредена работа. Поголемата флексибилност, во оние професии каде што има можност, нуди и креативност и поголема ефективност.

Преку ROWE, вработените ќе можат да направат баланс меѓу приватниот и професионалниот живот, а во исто време ќе ја зголемат нивната продуктивност и да дадат дополнителна вредност на тоа што им е задача.

Фото: Pixabay