Што е токсична позитивност и како ги уништува компаниите?

71

Корпоративната култура на вештачка љубезност и избегнување конфликти е многу штетна за бизнисот и вработените на долг рок, тврди социјалниот психолог Теса Вест.

Според неа, вработените во компаниите ширум светот се под притисок секогаш да бидат љубезни, насмеани, сочувствителни и грижливи, што несомнено се добри особини, но не може секогаш да се биде таков бидејќи тоа ниту е природно за човечкиот вид, ниту е добро за работа. „Резултатот од овој модел на однесување е главно нејасна комуникација на работното место и вечно избегнување на конфронтации, кои не придонесуваат за нивната цел – развој на бизнисот“, тврди Вест.

Таа смета дека, за разлика од форсирањето вештачка љубезност, вработените всушност треба да се слушаат и да се охрабруваат слободно да изразуваат критики, а не само пофалби. Меѓутоа, во моментов луѓето кои критикуваат нешто се сметаат за токсични во многу компании. Затоа на вработените им е полесно да зборуваат за сите во суперлативи, што доведува не само до недостаток на вистински пријателства во работните групи, туку и до губење на чувството на сигурност кај нив, бидејќи не знаете кој од вработените што мисли за другите.

Фото: Pixabay