Што е виза и за што е потребна?

539

Виза e патен документ којшто претставува дозвола за влез, престој или транзит на странски државјанин на територијата на земјата што ја издава визата. Визниот режим е политика на една земја во поглед на барањето за влез на странски државјани на нејзина територија. Како една од основните причини поради којашто се издава визата е да се неутрализира илегалната миграција, а со тоа да се влијае на безбедноста на земјата.

Вообичаено е земјите да бидат построги кога станува збор за визите за странци кои доаѓаат од сиромашни и политички нестабилни земји.

Постојат две форми во коишто може да се сретнат визите – едната е во форма на печат или налепница во пасошот, а другата во форма на посебен образец што треба да се даде на увид при влез во земјата.

Секоја земја има различна политика во однос на тоа на кои странски државјани им се потребни визи за да ја посетат нивната земја, како и за нејзиниот рок на важење.

САД ја анализираат визата како услов за влез во земјата, додека Данска и Франција дозволуваат краток престој во нивните земји без виза и тоа од 30 до 90 дена.

Постојат повеќе видови на визи: патна, транзитна, групна, службена…

Шенген визата претставува посебен вид што го добива своето име според Шенгенскиот простор, кој е формиран со потпишување на Шенгенскиот договор во 1985 година. Овој простори ги опфаќа земјите потписнички, освен Норвешка и Швајцарија, како и уште неколку земји што се потписнички, но не се членки на ЕУ.

Фото: Pixabay