Што ги мачи сега инвеститорите – пандемијата за прв пат не е најголем ризик

145

Според истражувањето на Bank of America, за прв пат откако Ковид – 19 го сврте светот наопаку, епидемијата веќе не е на врвот на листата со најголеми ризици врз акциите, туку инфлацијата.

Во истражувањето спроведено на 220 инвеститори кои управуваа со вкупно 630 милијарди средства во март, 37 %  беа загрижени за инфлацијата што може да “погоди“ до крајот на епидемијата, а трендовите на пазарите на обврзници веќе предупредуваат на вакво сценарио.

На второ место, со 35 %, е можната прекумерна реакција на Федералните резерви кон економското закрепнување и падот на откуп на обврзниците, а на трето место  со 15 % е епидемијата.

За прв пат од февруари 2020 година, главната грижа не беше со Ковид-19 и сè што оди со него. Во истражувањето, инвеститорите како фактори на ризик ги наведуваат можното зголемување на даноците како и ризик од меури на берзата, пишува Seebiz.

Фото: Freepik