Минатата година извозот на авокадо на глобално ниво имаше вредност од 6,5 милијарди долари или 11,3% повеќе во споредба со 2018 година, покажуваат податоците на World’s top exports.
Најголем удел во вкупниот извоз од 42,9% има Мексико со инкасирани 2,8 милијарди долари од продажба на авокадо на странски пазари.
Петте најголеми извозници на авокадо светот, покрај Мексико, се и: Холандија (една милијарда долари), Перу (751,3 милиони долари), Шпанија (392 милиони долари) и Чиле (300,7 милиони долари).
Фото: Freepik











