Што ги спојува Кина, Шри Ланка и Индонезија?

45

Кина, Шри Ланка и Индонезија се топ три најголеми извозници на цимет во светот. Лани во светот е извезен цимет во вредност од 692,4 милиони долари.

Најголем дел од тој износ отпаѓа на Кина и тоа 162 милиони долари, а потоа следуваат Шри Ланка со 153,4 милиони долари и Индонезија со 143,3 милиони долари.

Меѓу петте најголеми извозници на цимет се и: Виетнам (136 милиони долари) и Холандија (22,3 милиони долари).

Од регионот, Хрватска извезла цимет во висина од 310.000 долари, а потоа следат: Словенија (207.000 долари), Грција (157.000 долари), Бугарија (133.000 долари), Србија (108.000 долари), а од Македонија е извезен цимет од 5.000 долари, покажуваат податоците на World’s top exports.

Фото: Freepik