Што има Маск против Amazon?

145

Основачот на Tesla, Илон Маск е препознатлив по “остриот јазик“ на Twitter. Овој пат, Маск на “пик“ го зема Amazon и неговиот основач Џеф Безос.

Ова е лудост, напиша Маск на Twitter, означувајќи го Безос и додаде: време е да се разбие Amazon. Монополите се погрешни, пренесува CNBC.

Неговиот твит беше адресиран до поранешниот репортер на New York Times, Алекс Беренсон и до Безос. Реакцијата на Маск следи по фотографијата на Беренсон којашто покажува дека неговата најнова книга за коронавирусот не ги задоволува стандардите на Amazon за продажба.

Од Amazon подоцна соопштиле дека книгата е повлечена по грешка, се враќа на продажба и дека биле во контакт со Беренсон.

Инаку, Маск беше гласен критичар на мерките на властите во текот на пандемијата на коронавирусот.

Фото: Twitter