Што ја турка цената на нафтата над 62 долари?

23

Цените на нафтата на меѓународните пазари пораснаа на 62 долари, а како причина за овој раст се наведува намалената понуда на водечките производители и надежта дека вакцинирањето против коронавирусот ќе ја заживее светската економија.

На лондонскиот пазар, цената на барел порасна за 44 центи во однос на претходното затворање на 61,53 долари, додека на американскиот пазар поскапе за 37 центи на 58,73 долари.

Цените на нафтата се во пораст од ноември минатата година, кога владите почнаа со масовно вакцинирање на населението против Ковид-19.

Водечките светски производители паралелно ја намалуваат понудата за 7,2 милиони барели дневно од почетокот на оваа година. Најголемиот извозник на нафта, Саудиска Арабија одлучи еднострано да ја намали понудата во февруари и март, за дополнителни милион барели дневно.

Фото: Freepik