Што ќе биде клучно за развој на бизнисите по пандемијата?

50

Фокусот на талент, технологија и партнерства може да биде клучен за развојот по пандемијата од Ковид-19, а вештачката интелигенција (AI) и Интернетот на нештата (IoT) се клучни технологии што можат да имаат корист за бизнисот.

Истржување на Институтот за деловна вредност на IBM (Institute for Business Value – IBV) откри дека главниот предизвик за многу глобални анкетирани извршни директори во следните неколку години ќе биде управувањето со работната сила од далечина. Извршни директори, чии организации беа во првите 20% по раст на приходите  меѓу испитаниците- им даваат предност на талентот, технологијата и партнерите во позиционирањето на нивните компании за успех по пандемијата.

Студијата Find your essential анкетираше 3.000 извршни директори во 26 индустрии и скоро 50 земји и беше спроведена во соработка со Oxford Economics.
“Пандемијата ја забрза дигиталната трансформација на бизнисот во многу компании, без оглед на индустријата, рече Томислав Балун, деловен директор, IBM Хрватска. Студија на IBM покажува дека извршните директори размислуваат слично кога станува збор за технологии што ќе бидат од корист за нивниот бизнис и ќе помогнат да се создаде иновација и персонализирано корисничко искуство.
Фото: Pixabay