Што ќе изнесе Трамп, а што ќе внесе Бајден во Белата куќа?

37

Работните бироа во Белата куќа се расчистуваат, просториите се пребришуваат, а претседателските помошници ќе бидат заменети со нови.

Тоа е само дел од големите промени што новиот претседателски мандат ги носи во централната власт.

На денот на инаугурацијата, Белата куќа ќе се подготвува да му посака добредојде на Џо Бајден и неговиот тим.

Расчистувањето на канцелариите во Западното крило и транзицијата меѓу претседателите е дел од традицијата што трае со векови во САД, пренесува ВВС.

Оваа година, транзицијата на претседателската функција се истакнува по својата огорченост. Процесот обично започнува веднаш по изборите, но сега почна неколку недели подоцна, бидејќи Трамп одби да го прифати изборниот резултат и најави дека нема да присуствува на инаугурацијата на неговиот наследник. Најверојатно за тоа време ќе биде во својата резиденција на Флорида.

Мебелот во Белата куќа, поголемиот дел од уметничките дела, порцеланот и другите предмети, се во сопственост на владата и затоа тие си остануваат на своите места. Но, предмети како што се фотографии на претседателот коишто биле поставени во ходникот, ќе бидат симнати додека Белата куќа се подготвува за новите станари.

Личните предмети на Трамп, како што се облека, накит и други предмети ќе бидат префрлени во неговата нова резиденција на Флорида.

Целата внатрешност, од гелендери, преку копчиња на лифтовите, до опремата во тоалетите, ќе бидат пребришани и дезинфицирани.

Кога Трамп се вселувал во Белата куќа, го одбрал портретот на популистичкиот претседател Ендру Џексон за Овалната соба. Исто така, ги заменил завесите, каучите и теписите во собите со оние кои имале златна боја.

На денот на инаугурацијата, потпретседателот Пенс и неговата жена, исто така, ќе ги отстапат своите места на Камала Харис и нејзиниот сопруг.

Фото: Freepik