Што ќе работи Ѓоковиќ кога ќе ја заврши кариерата

48

Новак Ѓоковиќ, еден од најдобрите тенисери во светот, планира да биде тренер и ментор, откако ќе ја заврши активната спортска кариера. Тој вели дека е во процес на формирање на модел на тениска академија и се надева дека сè ќе биде спремно до крајот на годината.

“Директно учествувам и во тренерската и менторската работа и во осмислување на стратегија со тимот. Во рамки на таа академија веќе се гледам и себе. Тоа е логично и природно. Немам проблем да го работам тоа и во текот на кариерата, веќе го правев. Така правев во декември и со Олга Даниловиќ и со Хамад Меѓедовиќ и со други тенисери кои беа тука за време на кампот и се чувствував исполнето да бидат бидам на терен и како да научив нешто ново и го забележав тоа и во мојата игра и навистина беше така. Доколку во следниот период, кога ќе немам турнири, ќе бидам посветен на помлади тенисери бидејќи секогаш им е потребен совет, а јас сум секогаш тука за нив“, рекол Ѓоковиќ.

Запрашан дали би сакал да биде спортски коментатор, Ѓоковиќ рекол дека нема аспирации да биде коментатор, но би сакал да проба иако не сака да го работи тоа во континуитет.

Фото: Facebook