Што ќе се најде на календарот на Pirelli за следната година?

33

Календарот на Pirelli е познат по фотографии од сензуални девојки, но оваа година тоа не е случај.

Главни протагонистки се актерките Клер Фој, Ема Вотсон и Кристен Стујарт, кои ќе го оживеат најпознатото дело на Шекспир – Ромео и Јулија.

Календарот го носи името Во потрага по Јулија, а за фотографиите беше задолжен италијанскиот фотограф Паоло Роверси. Овој календар е проследен и со краток филм.

Инаку, календарот на Pirelli излегува во ограничено издание, а италијанскиот производител на гуми го дава како подарок на купувачите и познатите личности.

Првиот календар е направен во 1964 година.

Фото: Youtube