Што најмногу го ограничува обемот на производство во преработувачката индустрија?

62

Според оценката на раководителите на деловните субјекти, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во октомври 2020 година е зголемен за 0,8 процентни поени во однос на септември 2020 година и изнесува 13,8, а во однос на октомври 2019 година е намален за 8 процентни поени.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во октомври 2020, во однос на септември 2020 година, е пoповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во октомври 2020 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на октомври 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во октомври 2020 година изнесува 68,1% од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недоволната странска побарувачка со 20,2%, неизвесното економско опкружување со 17,2%, недостигот на квалификувана работна сила со 15,5% и недоволната домашна побарувачка со 13,4%.

Фото: Freepik