Што најмногу извезува Луксембург?

258

Извозот на Луксембург минатата година достигна вредност од 13,8 милијарди долари, што е пад од 5,9% во однос на 2019 година.

Според податоците на World’s top exports, 79,7% од извозот на Луксембург беше насочен кон: Германија (26,6%), Франција (16,4%), Белгија (12,3%), Холандија (5,3%), Италија (3,9%), Велика Британија (3,4%)…

Најголем удел од 13,4% во вкупниот извоз на Луксембург отпаѓа на компјутери, коишто лани достигнаа вредност од 1,9 милијарди долари. Потоа следат: пластични предмети со 1,5 милијарди долари, челик со 1,31 милијарда долари, возила со 1,28 милијарди долари, производи од железо и челик со 782 милиони долари…

Фото: Pixabay