Што најмногу извезува “руската“ Америка?

59

Првата асоцијација на оваа земја се ледените пејзажи, ниските температури, кучиња што влечат санки… Алјаска е земја во северниот дел на Америка, се протега на површина од 1,5 милиони квадратни километри, а на тој огромен простор живеат нешто повеќе од пола милион жители.

Инаку, првата населба во оваа земја била формирана во април 1867 година, од страна на Русите, кои подоцна оваа територија ја продале на САД за нешто повеќе од седум милиони долари.

Алјаска денес извезува производи во висина од околу пет милијарди долари (2019 година), според податоците на World’s top exports. Оваа земја е меѓу 40-те најголеми извозници на САД, позиционирајќи се зад: Тексас, Калифорнија, Њујорк и Вашингтон.

Меѓу најголемите извозни производи влегуваат руда, риба и нафта.

Една милијарда долари или 20,8% од вкупниот извоз на Алјаска отпаѓа на цинкова руда. Лани од оваа земја е извезена замрзната риба во вредност од 439 милиони долари, додека трет најголем извозен адут на земјата е оловото со 412 милиони долари. Извозната петорка на Алјаска ја комплетираат замрзнатите филети од рибата полок со 365 милиони долари и сурова нафта со 349 милиони долари.

Фото: Pixabay