Што направија милијардерите за борба против коронавирусот?

82

Освен што пишуваме за тоа колку милијардерите губат поради ширење на коронавирусот, добро е да се знае дека постојат богаташи кои донираат дел од своето богатство за да помогнат во борбата против оваа зараза на глобално ниво.

Магазинот Forbes пишува дека вториот најбогат човек во светот, Бил Гејтс најави дека преку неговата фондација Bill and Melinda Gates Foundation, ќе донира 100 милиони долари за откривање, изолација и третман на вирусот.

Основачот на Alibaba, Џек Ма одвојува 14 милиони долари од неговата донација за развој на вакцина од коронавирус. Тој, исто така, најави дека ќе донира пола милион тестови и милион маски за лице во САД.

Главниот извршен директор на Airbnb, Брајан Чески објави дека неговата компанија ќе овозможи гостите ширум светот да ги откажат резервациите и ќе им биде обезбеден поврат на средства.

Милијардерот Кен Грифин, директор на инвестициониот фонд Citadel, најавил дека ќе донира 7,5 милиони долари за една од најзагрозените кинески провинции во Кина.

Фото: Pexels