Иако онлајн трговија доживеа вистински бум во време на пандемија, некои работи сепак не би требало да ги купувате преку интернет.
Автомобили
Купувањето автомобил не е воопшто едноставна работа, бидејќи мора да го видите возилото, да се уверите во неговата состојба и дури потоа да донесете одлука за да го купите или не.
Мебел
Иако понекогаш е здодевно да одите од еден во друг салон, барајќи фотелја, клуб масичка, плакар и нешто слично, сепак не се препорачува да ги купувате преку интернет за да се поштедите од дополнителни главоболки и трошоци.
Лекови
Податоците покажуваат дека повеќе од 50% од купените лекови преку интернет се фалсификувани и често содржат небезбедни состојки. Многу е посигурна опцијата да си купиле лекови во аптека, каде што може да добиете и совет од фармацевт.
Детска облека
Детската облека би требало да биде унифицирана и стандардизирана во поглед на броевите, често се случува да бидат различни и да не одговараат на детето. Освен тоа, децата растат брзо и различно, па би било подобро доколку со свои очи ја видите големината и да одлучите дали ќе му одговара на вашето дете.
Костими за капење и долна облека
Постојат повеќе причини поради коишто не би требало да купувате костими за капење или долна облека, особено хигиенски и здравствени. Затоа, најважно е да ги купите во продавница, каде што ќе го допрете материјалот од којшто се направени, дали се памучни и дали ќе бидат удобни при носење.
Фото: Pexels











