Што порачува Безос во последното писмо до акционерите?

46

Најбогатиот човек на планетата и основач на Amazon, Џеф Безос, во последното писмо до акционерите, рекол дека компанијата мора да “биде подобро место за вработените“.

Безос како пример ги земал неодамна одржаните синдикални избори во едно од складиштата на Amazon во Алабама како пример зошто компанијата треба да ги решава проблемите во рамки на компанијата.

Безос ги оспорил пишувањата на медиумите за условите во коишто работат неговите вработени, вклучувајќи ги и критиките за темпото на работа што им се наметнува на работници дека е премногу напорно. Тој рекол дека владее општ впечаток дека работници на Amazon “се очајни и третирани како роботи“, но дека тоа не било точно.

Ова е последно писмо до акционерите на Безос, бидејќи треба да го отстапи водечкото место во неговата компанија во третиот квартал од оваа година, а на негово место ќе го наследи Енди Џеси, пренесува nbc news.

Фото: Facebook