Што прават и што добиваат практикантите во Google

51

Google е една од најпосакуваните компании за работа во светот. Сепак, за да се стане дел од тимот потребно е да се поминат многу скалила и да се освојат и надградат многу вештини.

Многумина пред да станат дел до технолошкиот гигант биле практиканти и имале можност одблизу да видат како изгледа еден ден во компанијата.

Само годинава на адреса на Google стасале 125.000 апликации, за 17% повеќе од 2018 година.

Практикантите во овие канцеларии не носат кафе и не вршат споредни работи. Тие уште од почетокот работат на разни задачи и од нив се очекува активно да се вклучат и во состаноците.

Најчесто една програма за практиканти трае 11 недели и се спроведува преку лето. Оние кои ја посетуваат добиваат надоместок на секои две недели како и одреден бонус, што споед Google покрива трошоци за 1,5 месец сместување и поголем дел од транспортот.

Исто така, на практикантите им е платено здравствено осигурување, во коешто се вклучено стоматолошки и очни прегледи.

Тие можат да ги користат, односно посетуваат курсеви и социјални активности во рамки на компанијата. Првите неколку дена практикантите добиваат “домаќин“ кој им дава план на активности и им помага да се вклопат во новата средина.

За да се стане дел од програмата треба да се помине интервју коешто најчесто вклучува пополнување на онлајн апликација и еден или два телефонски или видео разговори.

Првата класа на практиканти во Google беше пред точно десет години, во 1999 година, а во неа учествуваа само четири млади луѓе. Ова лето компанијата има практиканти од речиси 350 различни училишта.

Фото: Pixabay