Што прават купувачите кога ќе “влезат“ во онлајн продавница?

207

Коронавирусот може да направи големи промени во навиките за купување. Поради апелот да се седи дома, се поттикнува купувањето преку интернет. Па, се поставува прашањето како се однесуваме кога ќе “влеземе“ во онлајн продавница.

Двајца професори по менаџмент во Индија, осмислија модел што се нарекува FFF модел на онлајн потрошувачко однесување. Станува збор за модел што предвид зема надворешни и внатрешни фактори што влијаат на однесувањето на потрошувачите, како и нивните мотиви за купување.

Како надворешни фактори што имаат влијание врз однесувањето на потрошувачите се: демографски одлики (социо – економски статус, технологија и јавна политика), култура, супкултура, референтни групи и маркетинг. Од друга страна, внатрешни фактори од пресудно значење се: ставови, учење, перцепција, мотивација, слика за себе, употреба и интерпретација на симболи.

Како главни мотиви за онлајн купување меѓу потрошувачите се: грижа за сигурност, грижа за приватност и доверба. Откако ќе поминат сите овие мотиви за купување ќе поминат низ одредени филтри, на крајот се случува процесот на купување.

За да може една онлајн продавница да биде успешна и да изгради лојална комуникација со своите клиенти, потребно е да ги исполни овие предуслови:

Знаат дека секој купувач има свој мотив што влијае врз начинот на којшто носи одлука за купување – овие мотив може да бидат лични, но и водени од некои општествени пориви. Затоа важно е да се води сметка на купувачите да им се овозможи да дојдат до производите што им се потребни.

Развиваат личен однос со купувачите – не е важно само да им се обратите на купувачите, туку да им покажете кои се луѓето кои ги обработуваат нивните барања, да им ја доловат атмосферата во тимот, односно да развијат чувство на препознатливост со продавницата.

Поддршката на купувачите мора да биде ултимативна – не само производот, важно е на купувачите да им се обезбеди поддршка којашто треба да биде навреме и професионална. Не треба да дозволите да чекаат долго на одговор, па затоа треба да им ги обезбедите потребните информации.

Фото: Pexels