Што рекле познатите за Нова Година?

60

Одбројуваме до крајот на 2019-та година и со нови сили ги чекаме предизвиците што ќе ни ги донесе 2020 година. Подолу одвојуваме мисли и изјави поврзани со феноменот наречен Нова Година.

Новата Година секогаш е нов почеток за стари навики – непознат автор.

Подобро размислувајте за дневните одошто за новогодишните желби и ветувања – Хенри Мур.

Нова Година е уште една шанса да го исправам сето она што го “оплескав“ – Опра Винфри.

Кога не би имале за што да се покаете, тогаш ниту Нова Година не би постоела – Вилијам Томас.

Подобро да ги потрошите парите како повеќе да нема дочек за Нова Година, одошто да го потрошите дочекот како повеќе да нема пари – Мики Рурк.

Новата Година е за аматери, за оние кои никогаш не остануваат по полноќ во кафеана – Момо Капор.

Добрите новогодишни ветувања се како чекови кои човек ги потпишува без покритие – Оскар Валјд.

Фото: Pexels