Што се форварди, а што фјучерси?

687

Фото: Pixabay

Форвард (forward) и фјучерс (futures) претставуваат финансиски деривати, односно финансиски инструменти чија вредност е изведена од некој друг финансиски инструмент. Нивна цел е да се фиксира цената денес – за плаќања во иднина.

Па така, форвардот претставува договор со којшто се гарантира размена на одреден износ на производи или валути, една за друга, по детерминирана цена за однапред одредена дата.

Фјучерс е законски договор помеѓу продавачот и купувачот на одредена актива (валути, хартии од вредност или производи) или индекс, што ги претставува средствата во иднина, по цена договор денес. Фјучерс договорот е стандардизиран и ги одредува овие параметри на трансакцијата: датум на испорака, квантитет и квалитет на активата што треба да се испорача.

Главна цел на тргувањето со фјучерси не е да се купи активата, туку да се менаџира ризикот, што произлегува од настанатите промените во одреден временски период.

Овој вид на финансиски деривати најчесто се користат за хеџинг, односно заштита од пазарни флуктуации.

Купувачот може да купи фјучерс за да се заштити од покажување на цената на она што го купува, додека продавачите ги продаваат фјучерсите за да се заштитат од намалување на вредноста на она што го продаваат.

Инвеститорите преку фјучерси можат полесно да го менаџираат ризикот од губење на вредноста на нивното портфолио на хартии од вредност.

Со фјучерсите се тргува само на берзите, поради фактот што тие се стандардизирани договори. Без оглед на разликите, договорите генерално имаат неколку исти карактеристики: износ на договорот, датум на доспевање, процедура и начин на плаќање, квалитет на она што е предмет на продажба…

Главната разлика меѓу форвардите и фјучерсите е тоа што со фјучерсите се тргува на берза, а со форвардите “преку шалтер“ (over the counter).