Што сè купува Европа за време на пандемија

52

Кризата предизвикана од пандемијата на вирусот Ковид-19 не само што ги смени социјалните и работните навики на Европејците, туку и нивните навики во исхрана и купување.

Според бриселскиот портал Politico, тоа не е само тоалетна хартија, туку и други намирници, па така побарувачката за спакувани мандарини е зголемена во Италија, во Франција за пилешки колбаси, а во Велика Британија за конзервирано месо.

Според податоците од продавниците за малопродажба во тие три земји, побарувачката за долготрајна храна се зголемила, а луѓето почнале да трошат повеќе во супермаркетите отколку пред кризата. Во сите три земји, набавките на производи од хартија, производи за нега и спакувана храна се зголемени на почетокот на март.

Сепак, постојат и категории на храна кои претрпеле загуби, па продажбата на козметички производи се намалила во Франција и Италија, а во Велика Британија и Италија продажбата на стоки категоризирани како општа стока се намалила.

Порталот наведува дека продажбата на алкохолни пијалaци е зголемена во Европа, освен во Франција, каде до 8 март продажбата е намалена за околу 4% во однос на истиот период лани. Податоците од Италија покажуваат дека дури 53% од набавките на шампањ се намалени во однос на истиот период минатата година, но продажбата на пиво се зголемени за 14%.

За време на карантинот, граѓаните почнале сами да печат, па така продажбата на брашно и квасец пораснала за три пати.

Сепак, најголемото зголемување на продажбата во текот на првата недела од март во европските земји е поврзано со заштитни производи, како алкохол, чија продажба во Италија се зголеми за 247%, а исто така е забележана и двојна побарувачка за хигиенски марамчиња, ракавици и средства за дезинфекција.

Фото: Pixabay