Што се потрошувачки задруги?

77

Фото: Pexels

Потрошувачки задруги се задружни организации што ги формираат потрошувачите за да ги штитат своите потрошувачки интереси. Ce формираат со цел на своите членови да им обезбедат стоки по поповолни услови отколку што ce продаваат во трговските дуќани.

Co членските влогови на членовите задругари ce создаваат паричните средства за прометната функција.

Обично, на крајот на деловната година чистата добивка ce дели меѓу членовите по некој воспоставен клуч. Некои идеолози на задружното движење мислеле дека преку потрошувачките задруги може да ce оствари социјалистичко општество.

Првите потрошувачки задруги биле формирани од работници во Англија во првата половина на 19 век.