Што се случува кога паметните луѓе се принудени да следат глупави правила на работа

281

„Нема смисла да се ангажираат врвни шахисти, а потоа да се третираат како шаховски фигури.

„Големиот лидер е одличен слушател. Одличен менаџер е одличен ментор. Ги охрабрувам моите вработени да мислат дека можат да победат!“, Гери Вајнерчук.

Станува збор за текст кој своевремено на LinkedIn го објави Олег Вишнеполски, глобален технички директор на „DailyMail Online“ и „Metro.Co.Uk“.

Го пренесуваме во целост:

„Мојот вработен даде отказ. Само што почнав да работам како менаџер во нова компанија и тогаш тоа ме шокираше. Прашав зошто. Рече дека се чувствува задушено, потценето, не ја гледа иднината во својата кариера, а најголема од сите причини е тоа што одработува работи што никој друг не сака да ги работи.

Кога копав малку подлабоко, сфатив дека неговиот претходен менаџер си ја презел целата интересна работа за себе и дека рутинските задачи им ги препуштил на своите вработени. И тогаш неговите најдобричленови во тимот почнаа да поднесуваат оставки и во еден момент тој престанал да биде ефикасен. На крајот и тој си заминал.

Овој вработен беше еден од најдобрите луѓе што останаа.

Најдобрите луѓе секогаш страдаат  поради лошото водство.

Ми требаше многу труд за да го убедам да ми даде шанса. Беше уште потешко да се обедини тимот и потоа да се заслужи нивната доверба.

За да водите паметни луѓе, НЕ треба да бидете попаметни од нив. Треба да им дадете шанса да напредуваат, можности да блеснат и конечно да им покажете благодарност.

И јас еднаш дадов отказ.

Дојде нов шеф и ни рече дека ќе имаме состанок секое утро во 8.30. Сакаше да му покаже на директорот колку е мотивиран да работи напорно. Немаше друга причина зошто да ги имаме овие секојдневни средби.

Му реков дека во тоа време ја испраќам ќерка ми секое утро во школскиот автобус и дали може да ги премести состаноците во 9 часот наутро. Неговиот одговор беше – Зарем вашите деца немаат мајка?

Овој одговор запечати сè. Дадов отказ пред да најдам друга работа.

Дали се согласувате дека глупавите правила го убиваат моралот?