Што се свопови?

0

Фото: Pixabay

Своповите (Swops) претставуваат едни од најзначајните финансиски инструменти, со коишто се елиминираат ризиците што се однесуваат на флуктуацијата на каматните стапки и на девизните курсеви.

Своповите функционираат поинаку од фјучерсите, бидејќи и самото име кажува дека купувачот и продавачот заменуваат нешто.

Своп трансакцијата се заклучува помеѓу лица кои се договараат да извршат замена на исплатата на една актива со друга. Може да се изврши своп на еден вид камата на кредит со друг вид на камата и друг вид на кредитен продукт или една валута со друга. За своп трансакциите, карактеристично е тоа што не се заменуваат меѓусебни долгови, помеѓу два стопански субјекти, туку се врши исплата на каматата (доколку се работи за каматен своп) по конкретен долг.

Меѓусебните исплати на учесниците во своп трансакциите се вршат по истекување на датумите утврдени со договорот за своп. Технологијата на исплата на каматите се спроведува така што прво се врши пребивање на каматите и само се исплатува разликата на стопанскиот субјект кој има право на каматата. На денот на доспевање на исплатата се врши трансфер на разликата меѓу договорените страни.