Што значат логоата на познатите автомобилски брендови?

184

Дознајте нешто повеќе за симболизмот на познатите автомобилски логоа.

koli

Mercedes-Benz

Своите аспирации да доминира на земја, небо и вода, Мерцедес ги претставува токму со своето познато лого – кругот поделен на три дела.

mercedes

Toyota

Трите овали кои се поклопуваат ја симболизираат довербата помеѓу Тојота и потрошувачите, а третиот овал го претставува неограничениот потенцијал на компанијата.

toyota

Ford

Логото на Форд е сосема едноставно и компанијата не планира да го менува, со објаснение дека тоа е веќе препознатливо насекаде. Луѓето знаат дека Форд е симбол за одличен производ и добар бизнис за подобар свет.

ford

BMW

Познатиот симбол на Бе-Ем-Ве произлегува од почетоците на компанијата како производител на авиони, за време на Втората Светска Војна. Белите полиња на кругот означуваат пропелер од авион, а сините го симболизираат небото.

bmw

Porsche

Ова лого ги претставува боите на германското знаме, името на градот каде што е седиштетот на Порше (Штудгарт) и слика на коњ, симболизирајќи сила и брзина. Штудгарт бил познат и како фарма за одгледување коњи.

porsche

Mazda

Името Мазда доаѓа од Aхура Мазда, богот на мудроста и хармонијата во кој верувале раните азиски цивилизации.
Сегашното лого датира од 1998. Стилизираната буква “М” симболизира крилја во лет, односно летот на Мазда кон иднината. Буквата “В” во центарот на логото ја претставува креативноста, долготрајноста, фелксибилноста и страста на Мазда.

mazda

Audi

Четирите кругови кои се поклопуваат, ги означуваат четирите компании: DKW, Horch, Wanderer и Audi кои биле дел од Auto-Union Здружението во 1932 година.

audi

VW

Логото на Волксваген се состои од две букви: “V” (Volks) што значи луѓе и “W” (wagen) што значи автомобил на германски. Или едноставно кажано – автомобил за луѓето.

vw

Фото: Pixabay