Што значи прекумерното користење на социјални медиуми за време на пандемија

55

Прекумерното користење на социјалните медиуми во текот на пандемијата е поврзано со развој на депресија и секундарни трауми, покажува студија на научници од Универзитетот во Пенсилванија и универзитети во Кина.

Податоците покажуваат дека 20% од испитаниците се соочиле со умерена до тешка депресија, а нешто повеќе од 20% искусиле умерена до тешка секундарна траума, до којашто може да дојде кога луѓето ќе слушнат за трауматични искуства на другите.

“Не сакаме луѓето да мислат дека социјалните медиуми се лоши. Само сакаме да знаат дека треба да постои рамнотежа. Штом го поминете прагот, како што е проверување на секое пет до 10 минути, тоа може да ви донесе поголем стрес“, смета Бу Жонг, професор на Универзитетот во Пенсилванија.

Тимот научници почнале да ги истражуваат ефектите на социјалните медиуми врз менталното здравје откако Вухан беше ставен во карантин за да се спречи ширење на коронавирусот.

Друго истражување, исто така, покажува дека постојано расте бројот на луѓе кои ги користат социјалните медиуми во пронаоѓање и споделување на информации за време на криза. Од крајот на март до почетокот на мај, 46 до 51% од Американците рекле дека почесто ги користат социјалните медиуми одошто пред пандемијата.

Фото: Freepik