Фото: Pixabay
Швајцарија е најдобра дестинација за живот, покажува истражувањето на банкарската групација HSBC.
Подобриот квалитет на живот, конкурентни плати и одлично окружување овозможија оваа европска земја да биде лидер во светот според условите за живот. Инаку Швајцарија минатата година беше осма во светски рамки, но оваа година го зема приматот. Пет години по ред, прв на оваа листа беше Сингапур.
Останати земји коишто се најдоа на листата се: Сингапур, Канада, Шпанија, Нов Зеланд, Австралија, Турција, Германија, Обединетите Арапски Емирати и Виетнам.
Во конкуренција за 33 земји, најдолу се најдоа: Саудиска Арабија, Јужна Африка, Индонезија, Јапонија и Бразил.
Дел од критериумите што се земаат предвид се: квалитет на живот, физичка и психичка благосостојба, култура, политичка стабилност, приходи, економска стабилност, прогрес во работата, баланс меѓу приватниот и професионалниот живот, образовани, создавање пријателства…