Швајцарија: Референдум за управување со златните резерви

12

zlatoШвајцарската народна партија собра доволен број на потписи за распишување на референдум на кој би се барало забрана за продажба на златните резерви од страна на централната банка.

Иницијативата на партијата под паролата “Спасете го нашето швајцарско злато” доби повеќе од потребните 100.000 гласови.

Оваа партија веќе две години бара референдум по тоа прашање и се залага централната банка да чува најмалку 20% од девизните резерви во злато. Банката моментално располага со 500 милијарди швајцарски франци, од кои само нешто преку 10% се во злато.