Швајцарија се спрема за скијачката сезона и покрај притисокот од соседите

52

Швајцарските скијачки центри продолжуваат со подготовките за сезоната и покрај притисоците од Италија, Франција и Германија да не се отворат додека не помине вториот бран од пандемијата.

Тамошниот министер за здравство, Ален Берсет предложил ограничување на бројот на луѓе кои ќе ги користат жичарниците за Божик и Нова година.

За време на празниците се очекуваат околу 45.000 гости, што е помалку од вообичаено, бидејќи многу од посетите се откажани.

“За ширење на вирусот не е виновно скијањето, туку она што доаѓа после. Преземавме многу строги мерки за да се намали ризикот“, вели Ело Роси, градоначалник на градот Вербиер.

Франција најави дека ќе спроведе гранична контрола за да спречи луѓето да ја напуштат земјата и да заминат во земји каде што се отворени скијачките центри.

Германија и Италија имаат ист став како Франција, но Австрија, Швајцарија и Шпанија сакаат да ги отворат своите скијачки центри.

Во текот на првиот бран од пандемијата, некои скијачки центри беа место за ширење на вирусот.

Фото: Freepik