
Швајцарија оствари зголемување на извозот од 2,3 проценти во јануари, првенствено поради побарувачката од Германија, нејзиниот главен трговски партнер во Европа, објави Швајцарската федерална царина.
Извозот од Швајцарија во јануари изнесуваше речиси 23 милијарди швајцарски франци (25,2 милијарди евра), објави Фигаро.
Овој раст најмногу беше стимулиран од хемискиот и фармацевтскиот сектор, со зголемување од 4,9 проценти во споредба со претходниот месец, како и од машините и електричната опрема, со раст од два проценти.











