Шведска ја зголеми корона – потрошувачката на 50 милијарди долари

76

Вкупната потрошувачка на Шведска заради сузбивање на пандемијата и создавање на услови за “зелено“ закрепнување ќе достигне 50 милијарди долари, соопшти тамошната влада, претставувајќи го новиот буџет.

“Тоа е астрономски износ, но може да го издвоиме бидејќи штедевме во добри времиња. Тоа е договор благодарение на кој Шведска ќе може да го продолжи патот кон закрепнување од кризата“, изјави шведската министерка за финансии, Магдалена Андерсон.

За мерките против пандемијата и поддршка на закрепнувањето на економијата во новиот буџет е предвиден износ од 5,3 милијарди долари. Со тоа вкупната државна потрошувачка во коронакризата сега се проценува на околу 50 милијарди долари.

Шведска не воведе строг карантин, како што беше пракса во другите европски земји, па ударот на пандемијата врз економијата беше нешто помал и достигна умерени 2,8% во 2020 година, пренесува Ројтерс.

Фото: Pexels