Шведска компанија планира да ја произведува вакцината на Moderna во Франција

26

Најголемиот производител во фармацевтскиот сектор, Recipharm од Шведска, објави дека планира да ја произведува вакцината против коронавирусот на Moderna во централниот дел на Франција.

Фармацевтскиот сектор во голема мера се потпира на специјализирани производители, кои се занимаваат со најголемиот дел од работата – од развој до производство, додека тие само се фокусираат на откривање и продажба.

Шведски Recipharm е најголем производител во фармацевтскиот свет, а има погони во Франција, Германија, Италија, Португалија, Шпанија, Шведска, Велика Британија, САД, Израел и Индија.

Recipharm со Moderna потпишаа писмо со намери за производство, а конечниот одговор се очекува да биде потпишан во декември.

Компанијата во Франција има четири фабрики.

Фото: Freepik