Шведска: Патување со вграден биометриски чип наместо билет

44

chip

Фото: Pexels

Шведската железничка компанија SJ на своите патници им нуди користење на биометриски чип вграден во рака наместо класичните билети, пишува Independent.

“Секако постојат различни реакции. Некои луѓе се загрижени поради приватноста. Тие мислат дека може да бидат следени преку микрочиповите. Но, луѓето би требало да бидат позагрижени поради мобилните телефони и користење на кредитни картички“, велат од компанијата.

Чипот функционира на ист начин како бесконтактните банкарски картички, а кондуктерите треба само да ја скенираат раката на патникот. Меѓутоа, овој иновативен проект се применува само на луѓе кои веќе имаат биометриски имплант, бидејќи SJ не нуди чипување на луѓе. Скоро 2.000 Швеѓани имаат вградено имплант, а повеќето од нив работат во технолошката индустрија.

Од SJ очекуваат 200 луѓе да го преземат микрочипот, но сите ќе мора да бидат регистрирани како членови на програмата за верност. Патниците може да ги купат билетите со пријава на веб страна или преку мобилна апликација, а членскиот број ќе биде поврзан со нивниот чип. Иновативниот проект започна минатата недела, а од компанијата очекуваат наскоро сите да користат чипови наместо билети.