Шведска: Вработен може да добие одмор за да почне сопствен бизнис

19

Фото: Pixabay

Во последните 20 години, вработените во Шведска имаат необично право – законски да добијат шест месеци одмор за да почнат сопствен бизнис, пишува Business Insider.

Ова е само едно од правата што им следуваат на вработените во Шведска. Тие, исто така, имаат право на слободен ден за школување, како и за грижа за член од семејството.

Поради овие услови што државата ги гарантира, главниот град на Шведска уште се нарекува и главен град на стартапите. Овие мерки придонесоа да се отворат голем број нови компании и еднорози, по што Стокхолм е веднаш зад Силиконската долина во Калифорнија.

Во овие права може да уживаат сите што работат со полно работно време во период од најмалку шест месеци. Работодавачот може да одбие барање само од вработен што е на витална работна позиција во компанијата или доколку сака да формира старт – ап што би бил конкуренција на фирмата во којашто работи.