Шведски хотел нуди престој во куќички на дрво

8

6

Сите деца сонуваат да имаат куќа на дрво. Доколку ја посетите Шведска, ќе имате можност да престојувате во еден таков хотел што личи на куќичките на дрво од детските сништа.

2

Градот Харадс во Шведска ќе ви понуди незаборавен одмор во овие мали хотелски соби на дрво доколку го посетите.

3

Местото каде што се наоѓаат овие мини хотели е во шума и посетителите можат да бираат меѓу шест различни куќички во зависност од нивниот вкус.

4

Собите главно се изградени четири до шест метри над земјата и имат прекрасен поглед на река. Дизајнот и ентериерот на секоја соба е во склоп со најголемите еколошки стандарди, имаат дрвени подови, LED осветлување…

5

Престојот во една ваква соба чини околу 500 евра.