Швеѓани имаат карбонски неутрално произведена нафта

33

Шведската нафтена компанија Lundin Energy е прва во светот што продаде карбонски неутрално произведена нафта од рафинерија на италијанскиот остров Сардинија.

Компанијата ги испорача првите барели од целосно карбонски неутрална нафта од нејзиното поле Edvard Grid во Норвешка, што важи за прво нафтено поле во светот што доби сертификат Carbon Clear.

Сертификатот значи дека полето има ниска емисија на јаглерод диоксид од 3,8 килограми CO2 по барел нафта, вклучувајќи и истражувања, развој и производство, што е петпати под светскиот просек.

Компанијата соопшти дека карбонски неутралната нафта е продадена на рафинерија од Сардинија откако вишокот емисија од 2.302 тони СО2 е компензиран преку висококвалитетен проект за “фаќање“ на јаглерод.

Шведската нафтена компанија вети дека од 2025 година секој барел што го произведува ќе биде јаглерод неутрален.

Фото: Pexels