Siemens трикратно си ја зголеми добивката во првиот квартал

23

Германскиот гигант Siemens ги зголеми приходите во второто фискално тримесечје, благодарение на побарувачката од Кина и резултатите во бизнисот со автомобили, постројки и софтвер.

Во тримесечјето заклучно март оваа година, приходите на Siemens пораснаа за 6% на 14,7 милијарди евра. Вредноста на нарачките е зголемена за 8% на 15,9 милијарди евра.

“Растот е забрзан благодарение на автомобилската индустрија, производството на постројки, нашиот софтверски бизнис и гледано од географска перспектива – Кина“, изјави Ралф Томас, финансиски директор на Siemens.

Нето добивката на компанијата е тројно поголема во споредба со истиот период лани, достигнувајќи ниво од 2,4 милијарди евра.

За оваа година, проекциите се движат околу пет до 5,5 милијарди евра нето добивка.

Фото: Pexels