СИЕПА поделила 250 милиони евра субвенции

89

evraСрпската Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот (СИЕПА), од 2006 година до сега одобрила 252 милиони евра за субвенции, за 222 проекти, чија вкупна вредност е 1,4 милијарди евра, изјави советникот за странски инвестиции Филип Кунтиќ и додаде дека 60% од одобрените проекти се однесуваат на домашни компании, иако главно се смета дека средствата ги добиваат странските инвеститори.

Според критериумите за доделување на неповратни средства, за три групи на општини во Србија е неопходно инвеститорот да вложи еден милион евра и да вработи минимум 50 работници, додека за четвртата група неразвиени општини, вложувањето може да биде и 500.000 евра. Субвенциите за ново отворено работно место изнесуваат од 4.000 до 10.000 евра.

“Основни критериуми според кои СИЕПА врши оценување се референците на инвеститорите, важноста на инвестицијата, учество на нови технологии, ефектите на инвестицијата на човечките ресурси, обемот на извоз и ефектите на инвестицијата на развој на општината”, изјави советникот.

Според Кунтиќ, досега на овој начин се отворени 44.000 работни места.