SightRun – апликација што ги спојува туризмот и џогирањето

40

SightRun претставува апликација што им овозможува на туристи кои рекреативно трчаат, да го разгледаат градот што го посетуваат. Апликацијата преку аудио запис дава насоки за движење и во текот на трчањето раскажува занимливости за местото каде се џогира, како и за атракциите покрај коишто се поминува, пишува Пословни дневник.

“SightRun е туристички производи, наменет за странски гости кои не го пропуштаат својот редовен тренинг, ниту кога патуваат. Ние им заштедуваме време сами да не ги бараат најдобрите рути за трчање или да се обидуваат да откријат што вреди да се види на одредено место. Апликацијата ги спојува трчањето со разгледување на градот“, вели Сандра Бортек, која стои за идејата на SightRun.

Оваа хрватска апликација е наменета за туристички тури, но за разлика од класичните, тука туристите џогираат. SightRun овозможува користење во 11 градови: Загреб, Опатија, Пула, Ровињ, Пореч, Сплит, Шибеник, Омиш и Хвар, како и во Минхен (Германија) и Грац (Австрија).

Апликацијата функционира на англиски јазик, додека сите тури се работат на англиски или хрватски, а постои и можност за реализирани тури на други јазици.

Фото: Pixabay