Sign – IO: Ракавици што знаковниот јазик го претвораат во аудио говор

22

Фото: Pixabay

Сакајќи да комуницира со неговата внука со оштетен слух, 25-годишниот Рој Алела од Кенија, создаде паметни ракавици коишто знаковниот јазик го конвертира во аудио говор, пренесе This is Africa.

Станува збор за ракавици, под името Sign – IO, кои што можат да го идентификуваат движењето на оној кој користи знаковен јазик, па собраните податоци ги испраќа на апликација за Android којашто ги вокализира. Корисникот може да избере јазик, пол и боја на глас. Некои корисници, при употреба на знаковен јазик, прилично брзо ги движат рацете, а други тоа го прават побавно, па Sign – IO го зема предвид.

Во овој момент, ракавиците не ги задоволуваат естетските критериуми за децата, па затоа Алела планира да ги дизајнира со јунаци на Disney.