Signature for Bentley – скап мобилен телефон со потписот Bentley

23

53841-thumb

Британските компании Vertu и Bentley заеднички создадоа уште еден луксузен уред, овој пат мобилен телефон под името Signature for Bentley, пишува порталот Tech Times.

Како што симболизира и името, Signature for Bentley е најскапиот и најлуксузниот мобилен телефон во палетата на луксузни уреди на компанијата Vertu. Овој телефон на себе има неколку симболи на автомобилскиот бренд, како што е логото на Bentley, карбонските влакна околу слушалката и елементи од телешка кожа, кои што се неизоставен дел од луксузните британски автомобили.

vertu-signature-bentley

Овој телефон не користи платформа за паметни уреди, ниту пак има екран на допир. Но, префинетите материјали што се користени при неговата изработка му ја даваат луксузната нота. Корисникот ќе може да избере една од вкупно 2.300-те можни комбинации за изглед на неговиот телефон. Цената која што ќе треба да се одвои сè уште не се открива, но се претпоставува дека ќе чини мало богатство.

Двете британски компании во октомври минатата година го лансираа Vertu for Bentley android smartphone.

VERTU_Sig_Bentley_Tight1_v1