Силиконска маска за лице што лесно и брзо се стерилизира

306

Научници од универзитетите MIT и Brigham во соработка со Women’s Hospital дизајнираа маска за лица што би можела да биде ефикасна во спречување во ширење на вирусите исто како маските N95. Предноста на оваа маска ќе биде тоа што e транспарентна и може лесно да се стерилизира и да се користи повеќе пати.

Бидејќи постојано е во пораст бројот на заразени со Ковид-19 во САД, сè уште има реална потреба од N95 маски за заштита на здравствените работници и други лица. Оваа нова маска е изработена од специјален силикон што се користи во многу фабрики ширум светот, а во нејзе е вграден и филтер N95.

Материјалот од којшто е направена маската е отпорен на виткање, гребење, високи температури и различни хемикалии. Тоа на оваа маска ѝ дава предност не само во транспарентноста, туку и лесното и брзо одржување.

Тимот во овој момент работи на нова верзија на маската, базирана на фидбекот добиен од здравствените работници, а за нејзино масовно производство се очекуваат дозволи од неколку надлежни институции.

Фото: News.MIT.edu