
На Волстрит, берзанските индекси силно пораснаа во вторникот, благодарение на корекција на цената по остриот пад во претходните денови и надежите на инвеститорите за смирување на трговските тензии меѓу САД и Кина.
Индексот Dow Jones скокна за 2,66 отсто, на 39.186 поени, додека S&P 500 порасна за 2,51 отсто, на 5.287 поени, а индексот Nasdaq за 2,71 отсто, на 16.300 поени.
Со вчерашниот скок индексите ги надоместија сите загуби од претходниот ден, кога инвеститорите беа вознемирени од жестокиот напад на американскиот претседател Доналд Трамп врз претседателот на ФЕД Џером Пауел.
Смирување на тензиите на неколку фронтови
Но, Трамп вчера изјави дека не планира да го замени Пауел, туку само сака пониски каматни стапки.
Инвеститорите беа охрабрени и од изјавата на министерот за финансии Скот Бесент дека верува во намалување на трговските тензии меѓу САД и Кина, иако преговорите со Пекинг најверојатно ќе бидат бавни.
„Пазарот продолжува да биде на ролеркостер. Некое ублажување на агресијата меѓу САД и Кина, благодарение на коментарите на Бесент, го поттикна пазарот повисоко“, рече Рајан Детрик, стратег во групацијата Карсон.