Сиромашните земји ќе добијат вакцини во првото тримесечје од 2021 година

83

Светската здравствена организација (СЗО) и Сојузот на вакцини (Gavi) планираат првите вакцини на сиромашните земји да им испорачаат во првото тримесечје од следната година, а Канада ветува дека вишокот ќе го сподели со целиот свет, пренесуваат светските агенции.

Овие две организации воспоставија механизам за дистрибуција на вакцини против коронавирусот на сиромашните земји и предвидуваат дека првите испораки ќе бидат во првото тримесечје од 2021-ва година.

Тие ја објавија оваа информација откако богатите земји, како Велика Британија и САД, почнаа со масовна вакцинација на населението.

Канада, на пример, е земја со 38 милиони жители, а има над 400 милиони дози од вакцината од седум фармацевтски компании, што е една од најголемите количини во светот.

Фото: Freepik